среда, 23 октомври 2024

Шефот на полската дипломатија: Мора да се подготвиме за промени во Америка

Полскиот министер за надворешни работи ги предупреди европските сојузници дека мора да се подготват за „промени“ во трансатлантските односи и во САД и да почнат да трошат повеќе за одбраната, без разлика кој ќе биде избран за претседател на САД во ноември.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во изјава за Политико, Радек Сикорски рече дека верува оти Соединетите Држави ќе останат „стратешки партнер“ на Европската унија без оглед на тоа кој ќе победи во претседателската трка во САД.

Но, европските земји „немаат друг избор“ освен да преземат поголема одговорност за својата колективна одбрана додека Вашингтон продолжува да го префрла својот фокус на Азија, тврди тој.

„Наша работа е да им објасниме на нашите американски партнери дека сè додека ја чувствуваме руската закана, нема да можеме целосно да се ангажираме на друго место“, рече тој, мислејќи на Азија, каде што европските земји имаат многу помалку распоредени сили од САД.

Коментарите на Сикорски, кои дојдоа откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка, ја истакна зголемената загриженост кај европските сојузници дека САД би можеле значително да ги намалат своите инвестиции во НАТО, особено ако поранешниот претседател Доналд Трамп и неговиот изолационистички настроен потпретседател, Џеј Ди Венс, бидат избрани во Белата куќа во ноември.

Полска предупредува дека „ако Москва ги охрабри изолационистичките тенденции меѓу Американците, ги убеди САД дека немаат вистински интереси за кои вреди да се борат во Европа и ги мотивира да се спротивстават на воената помош за Украина, тогаш Кремљ ќе победи не само во војната во Украина, туку и во хибридната војна против целиот Запад“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ