сабота, 19 октомври 2024

Шефот на ОН за хуманитарна помош: Газа стана ненаселива

Шефот на ОН за хуманитарна помош, Мартин Грифитс, денеска изјави дека Појасот Газа станал „ненаселив“, три месеци откако Хамас го нападна Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Грифитс во изјавата рече дека „луѓето се соочуваат со највисоко ниво на несигурност во храната досега забележано“ и се изложени на ризик од глад.

Тој додаде дека луѓето во Газа се соочуваат со „секојдневни закани за нивниот опстанок, додека светот гледа“, пренесува АП.

Тој истакна дека десетици илјади луѓе, претежно жени и деца, се убиени или ранети, а семејствата спијат надвор додека температурите нагло паѓаат и областите каде што на Палестинците им е кажано да се преселат се бомбардирани.

Тој, исто така, истакна дека неколку делумно функционални болници се преполни и дека снемува залихи, додека се шират заразни болести, а околу 180 палестински бебиња се раѓаат секој ден, среде хаосот.

Грифитс ги повтори барањата на ОН за итен прекин на војната и ослободување на сите заложници.

„Време е меѓународната заедница да го искористи сето свое влијание за да се случи ова“, рече Грифитс.

Тој додаде дека хуманитарните работници се соочуваат со „невозможна мисија“ да обезбедат безбедност за повеќе од два милиони луѓе во Појасот Газа, додека хуманитарните работници се убивани, а комуникациите и понатаму да се прекинуваат, патиштата се оштетени, во конвоите со камиони се пука, а основните испораки на стоки речиси не постојат.

„Газа го покажа најлошото во човештвото“, рече Грифитс и оцени дека одамна минало времето војната да заврши.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ