вторник, 22 октомври 2024

Шефот на ОН: Ова е монументална хуманитарна, економска и еколошка катастрофа

Објавено на

часот

Сподели

„Нападите врз цивилите и критичната цивилна инфраструктура мора да престанат. Мораме да дејствуваме за да обезбедиме одговорност и почитување на меѓународното хуманитарно право“, им рече Гутереш на новинарите.

Водата ја проби огромната брана на реката Днепар која ги дели руските и украинските сили во јужна Украина и поплави дел од воената зона, принудувајќи го локалното население на бегство.

И Украина и Русија побараа од Советот за безбедност на ОН да одржи расправа за уништувањето на браната. Украина ја обвини Русија за „чин на еколошки и технолошки тероризам“, додека Русија го опиша настанот како „саботажа извршена од Украина“, според барањата на двете страни што на увид ги имал Ројтерс.

Гутереш го опиша уништувањето на браната како „монументална хуманитарна, економска и еколошка катастрофа“.

„Најмалку 16.000 луѓе веќе ги загубија своите домови и загрозени се резервите на безбедна и чиста вода за пиење за илјадници други“, рече Гутереш, додавајќи дека ОН го координираат со Украина испраќањето помош, вклучително и вода за пиење и таблети за прочистување на водата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ