петок, 1 ноември 2024

Шефот на ОН им се втурна на нафтените компании

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, вчера испрати силна порака до земјите низ целиот свет во врска со климатските амбиции.

„Многу сум загрижен за тоа каде се наоѓа светот во однос на климатското прашање. Земјите заостануваат многу во однос на своите климатски ветувања и обврски“, рече Гутереш во Њујорк.

„Гледам недостиг од амбиција, недостиг од доверба, недостиг од поддршка, недостиг од соработка и многу проблеми во однос на јасноста и кредибилитетот“, продолжи тој. Шефот на ОН рече дека глобалната климатска агенда се поткопува.

„Ако владите се сериозни со постигнувањето на целите и исполнувањето на своите ветувања, напорите на сите фронтови значително ќе се подобрат“, предупреди Гутереш.

Тој посебно ги нападна нафтените компании. Индустријата за фосилни горива ја нарече „загаденото срце на климатската криза“, додавајќи дека мора да ѝ се стави крај на употребата на нафта, јаглен и гас.

Подготвителните преговори за климата завршија во четвртокот во Бон пред следната климатска конференција на Обединетите нации во Дубаи, која ќе почне на крајот на ноември.

Набљудувачите остро го критикуваа фактот дека следната климатска конференција КОП28 се планира да се одржи во Обединетите Арапски Емирати. Тие велат дека земјата многу користи фосилни горива и не ги сфаќа сериозно климатските цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ