Католичката традиција наложува на Чиста среда свештеникот да ги посипе верниците со пепел по главата или со пепел да им направи знак на крст на челото. Посипувањето со пепел во христијанската традиција означува покајување и спремност за нов живот.
U.S. Secretary of State Marco Rubio draws a cross on his forehead during a press conference to discuss Trump’s positions. pic.twitter.com/YWdBTJKfzi
— Hanzo (@HanzoNasan) March 6, 2025
Родителите на Марко Рубио емигрирале од Куба во Соединетите Американски Држави во 1956 година, две години пред Фидел Кастро да дојде на власт. Набрзо ѝ се придружиле на мормонската црква. Католичките медиуми во САД пишуваат дека подоцна ја напуштиле мормонската црква на наговор на својот син и му се вратиле на католицизмот.
Рубио се крстил и венчал во католичка црква, но подоцна, заедно со сопругата, станал член на евангелистичка мегацрква. Во текот на наредните години, како што кажал, почнал да копнее по причестување, па повторно се вратил во Католичката црква.
Тој за време на телевизиското гостување повтори дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја оконча војната во Украина.
„Имаме среќа и привилегија што имаме претседател кој сака, ако е можно, да го оконча конфликтот кој чини милијарди долари и стотици илјади животи, како и разурнувањето од кое на Украинците и другите ќе им биде потребна цела генерација за да се опорават“, кажа Рубио.