петок, 18 октомври 2024

Шарапова погласна од македонската фаланга?!

Објавено на

часот

Сподели

Фоторепортерите тешко може да ја уловат со затворена уста: Марија Шарапова

Тоа би значело дека Шарапова вика погласно од неколкуилјадната македонска фаланга, што автоматски влегува во категоријата „верувале или не“, нормално ако се точни податоците што на својата официјална интернет-страница ги изнесе ЕХФ. А дека споредбата е тука некаде покажува и информацијата дека моторот на еден авион од типот „боинг 747“ создава бучава од 130 децибели. Тука некаде е и навивачкиот реквизит вувузела, кој стана популарен пред две години за време на Светското првенство (СП) во Јужна Африка, кој произведува звук од дури 127 децибели.

Според ЕХФ, македонските навивачи произвеле помалку децибели од Шарапова

Шарапова, сепак, не е погласна само од македонската публика што ги бодри ракометните херои на Европското првенство (ЕП) во Србија. Според податоците од англиската фудбалска Премиер лига, руската убавица е погласна од навивачите на сите клубови во ова елитно натпреварување. А тоа воопшто и не е мала работа со оглед на нивната бројност и посветеност во поддршката кон нивните миленици. Ниту една од навивачките групи на премиерлигашите не ја надминува бројката од 100 децибели, која Шарапова без проблем ја надминува на тенискиот терен. Навивачите на Ливерпул се најгласни со 97 децибели, тие на Манчестер јунајтед создаваат бучава од 94 децибели, додека на трето место се фановите на Астон Вила со „само“ 89 децибели.

Македонската фаланга, како и премиерлигашките навивачи, има сериозна конкуренција и во уште една тенисерка – Белорусинката Викторија Азаренка. Русокосата убавица за време на тениските мечеви испушта глас што достигнува до 91,4 децибели.

Најдобар коментар за сето ова пред извесно време даде полската тенисерка Агњешка Радванска.
„Уф, што да кажам за Марија. Нејзиното викање е прегласно и крајно иритирачко. Пред секој турнир се молам да не паднам да играм со неа“, изјави Радванска.


ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ