петок, 18 октомври 2024

Шанса за Центар: На шверцерски начин до нов ДУП на Центар со вметнати нови 15 илјади квадрати

Објавено на

часот

Сподели

Тие велат дека вчера советниците на СДСМ и ВМРО заеднички си изгласаа ДУП за Стара железничка станица со кој се прошируваат и надградуваат објектите на ТЦ Рамстор и на КАМ на булеварот „Кирил и Методиј.

Намерата беше со планот да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска, но инвеститорскиот урбанизам победи и се задоволи алчноста на малкумина дополнето со интервенции од повисоко, велат од Шанса за Центар и додаваат дека „Советот си изгласа ДУП со неточни податоци за заштита од урнатини.

к

Денешната реакција на Шанса за Центар ја пренесуваме во целост:

Нова висококатница на паркингот кај Рамстор во висина од 23 метри на ‘шверцерски’ начин е протната во новиот ДУП што заеднички го изгласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на вчерашната седница на Советот на општина Центар. Но, и новиот објект на КАМ на спротивниот крај на улицата расте од 16 на 23 метри висина

Вака предложените измени на ДУП-от за потегот кај старата железничка Станица се спротивни од планот даден на јавна расправа и спротивно на ГУП-от, а базирани на одлуки од нова и попустлива комисија формирана 2022 која одлучила поинаку од комисијата во 2020 на барањата по јавната анкета.

Иронијата да биде поголема, во документот кој се однесува на Заштита и спасување од урнатини, се вели дека објектите се високи 10,3 метри; планерката вели дека се 21 метар, а во измените на планот изгласани вчера се вцртани објекти со висина 23 метри.

Веруваме дека не се работи за превид или техничка грешка, туку намерна конфузија за да се отвори простор за профитерите-моќници кои очигледно имаат поддршка од оние кои треба да носат одлуки во корист на жителите на општината и заедницата. На овој начин, политичко-профитерската спрега вметна нови 15.000 м2 површина во планот. Резултатот ќе биде концентрација на моќ и заработка кај малкумина, а на штета на градот и неговите жители.

д

Планот поминал со позитивно мислење од Дирекција за заштита и спасување и од Министерство за транспорт и врски, очигледно со затворени очи.

Шанса за Центар заклучува дека одговорноста во овој систем не постои, а човечкиот живот губи вредност секој миг.

Намерата со изработката на овој план беше да се реши само потребата на жителите на ќошот од просторот кон Водњанска. И барањата од здружението за урбан велосипедизам На точак континуирана велосипедска мрежа во овој опфат не се прифаќаат.

Но, инвеститорскиот урбанизам победи и со интервенции од повисоко, се задоволиа лчноста на малкумина. Вкупно нови 15.000 м2 површина се најдоа во планот, во превод, многу милиони евра квадрати деловен и станбен простор.

Бројот на жители во оваа четврт според ГУП е 1.000, но само со постојните објекти овој број е многукратно надминат.

Лекциите не ги научивме, па наместо град по мерка на човекот, секој ден сведочиме на институционална заштита на поединечни интереси наспроти јавниот интерес, кои ги остава Скопјани со уште еден ризик и нови бетонски чудовишта. Шанса за Центар ќе ги искористи сите правни и административни механизми нарасполагање за да ја спречи реализацијата на овие измени за кои, пред јавноста лутите политички противници СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, очигледно нашле заеднички јазик“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ