петок, 18 октомври 2024

Шанса за Центар го оспори ДУП-от за Буњаковец пред Уставен суд, општина Центар ќе гради ама нискокатници

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот урбанистички план (ГУП) има за цел да обезбеди хумани услови за живеење и работа на граѓаните, со почитување на стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, со рационално користење на просторот, заштита на животната средина и одржлив развој, велат од Шанса за Центар.

Центарци бараат ДУП-от да се стави вон сила

Планот за Буњаковец, спротивно на ГУП-от, предизвикува ризици за здравјето, безбедноста на локалната заедница и квалитетот на живот. Во ДУП-от за Буњаковец се отсликува практиката на планирање од изминатава деценија, а со главен белег на зголемување на површините за домување и бројот на жители. Истовремено, се намалуваат површините под зеленило, јавните површини и објектите со социјална или образовна намена. Затоа, Шанса за Центар и адвокатката Сузана Јошевска бараат од Уставниот суд да го стави вон сила и да го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина“, велат од Шанса за Центар.

л

Оттаму потестуваат дека овој план предвидува изградба на нови објекти на подрачјето на поранешната фабрика „Треска“, што би значело уништување на просторот и реализирање на таканаречените наполитанки предвидени со планот „против кој застана и самата општина и подготви елаборат за суспензија“.

„Претходното раководство на општината се обиде со институционани механизми како мораториумот и суспензијата да го стопира реализирањето на овој план, а со поддршка на еминентни професионалци од областа се направи урбанистички конкурс за уредување на овој значаен простор. Но промената на власта во Центар, и доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски ги запре и прекина сите заложби за похумано уредување на овој простор и отвори простор за инвеститорско – профитерските спреги да се стават над јавниот интерес. Жално е што во период кога светот сѐ повеќе се врти кон одржливо искористување на просторот, планирање на градовите за безбедно, спокојно и достоинствено живеење на луѓето, кај нас се прават планови во кои се важни интересите само на малкумина. Најтажно е што и властите развојот на просторот го третираат само како можност за полнење на општинската каса, еднократен приход со кој ќе се ‘преживее’ годината и ќе се покријат неколку проекти, но и непродуктивните трошоци и вработувања“, велат од Шанса за Центар.

Според нив ова е кусогледост која остава несогледлива штета за идните генерации.

„Погрешното уредување на просторот нема да може да се поправи лесно и едноставно. Станува збор за необновлив ресурс, кој што е трајно загубен кога еднаш е веќе погрешно испланиран и искористен“, велат од Шанса за Центар.

Општина Центар ќе гради ама нискокатници

Општина Центар не отстапува од замислата дека на просторот на некогашната фабрика Треска ќе гради згради. Но наместо таканаречените наполитанки од општината информираат дека на тој простор ќе се градат згради со ниска градба.

„Наскоро почнува урбанизација на локацијата на пропадната фабрика Треска. Огромен простор кој во центарот на Скопје, беше извор на зараза и најголема депониja. Објектите ќе бидат со ниска градба приземје и 4 ката, а околу стамбените блокови ќе изобилува зеленило, парк, пешачки патеки и безбеден простор за децата. Оваа локација повеќе нема да биде потенцијална опасност за жителите од околните згради. Од самото затворање на фабриката, оваа локација беше потенцијална опасност не само за граѓаните кои живееја до фабриката туку и за сите жители на Скопје. На напуштениот простор многу често избувнуваа пожари, отпадот кој беше во кругот од фабриката нерасчистен стоеше со години, напуштените погони имаа азбесни покриви, сето тоа потенцијално го загрозуваше здравјето на луѓето.“, информираа од општина Центар.

Оттаму додаваат дека градоначалникот Горан Герасимовски, барал од инвеститорите во комплексот Треска да се изградат објекти од јавен интерес како и комплексот да има многу зеленило без при тоа да прецизираат што значи тоа многу зеленило.

Во склоп на комплексот, тврдат од општина Центар ќе има детска градинка, парк како и над 20 отсто зеленило по градежна парцела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ