Ким го упати повикот за време на посетата на Институтот за нуклеарно оружје и базата за производство на „нуклеарни материјали за оружје“, според севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Севернокорејската новинска агенција не ја објави локацијата на објектите ниту датумот кога е извршена проверката.
Ова е првпат Северна Кореја јавно да обелоденува дека има капацитет за збогатување ураниум, објави Јонхап.
За време на посетата, Ким „ја истакна потребата од дополнително зголемување на бројот на центрифуги за експоненцијално зголемување на нуклеарното оружје за самоодбрана во согласност со политиката на партијата за изградба на нуклеарни вооружени сили“, се вели во извештајот.
Ким Џонг Ун го надгледуваше првото пробно истрелување на нов ракетен фрлач со повеќе цевки од 600 милиметри, објави КЦНА, пренесува Ројтерс.