петок, 18 октомври 2024

Северна Кореја им се закани на САД со нуклеарна одмазда поради подморницата

Објавено на

часот

Сподели

Министерот ги обвини САД и Јужна Кореја дека ги ескалираат тензиите во регионот.

„Со распоредувањето стратегиски нуклеарни подморници и друго стратегиско вооружување ќе се исполнат условите за употреба на нуклеарно оружје како што тоа е дефинирано со законот на Северна Кореја“, се наведува во соопштението.

Предупредувањето се однесува на американската нуклеарна подморница од класат Охајо, која неделава вплови во јужнокорејското пристаниште Бусан.

„Воениот конфликт на Корејскиот полуостров сериозно се ближи до реалноста“, пренесе КЦНА.

Заканата следи откако претходно американски војник ја премина границата меѓу Јужна и Северна Кореја. Сè уште нема коментар од Пјонгјанг за инцидентот.

Командата на ОН која го надгледува демилитаризираното подрачје меѓу двете земји вчера соопшти дека американски државјанин преминал неовластено од Јужна во Северна Кореја и дека веројатно го притвориле севернокорејските власти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ