сабота, 19 октомври 2024

Северна Кореја ги покани странците: Дојдете на голф

Објавено на

часот

Сподели

Земјата е под строги ограничувања од почетокот на 2020 година поради пандемијата на ковид-19, но се побројните знаци се чини дека укажуваат дека режимот може да ги ублажи граничните контроли.

А во таа насока оди и поканата за странски голфери. Теренот во севернокорејската престолнина е домаќин на „натпревари за голфери аматери во пролет и есен, а можат да учествуваат и странски аматери“, се наведува на веб-страницата, која е дел од туристичката администрација на Пјонгјанг.

Во уште еден знак на отвореност, Пекинг во јули потврди дека Северна Кореја се пријавила за Азиските игри, кои ќе се одржат во Кина во септември.

Ан Чан-Ил, дезертер кој го предводи Светскиот институт за студии за Северна Кореја, рече дека Пјонгјанг „го направил голфот важно средство за добивање на странски валути“, па дури и основал „оддел за голф“ на спортскиот универзитет во главниот град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ