Карвахал се повреди во самиот финиш од натпреварот против Виљареал, на минута до крајот од судиското продолжение. Веднаш се знаеше дека се работи за сериозна повреда, нешто што подоцна беше и потврдено.
Самиот Карвахал преку социјалните мрежи ја потврди тешката повреда.
„Сериозна повреда на вкрстените лигаменти е потврдана, ќе имам операција и ќе бидам надвор од теренот неколку месеци. Веќе гледам позитивно кон почетокот на опоравувањето и ќе се вратам како ѕвер. Ви благодарам на сите за пораките, се чувствувам сакано“, рече Карвахал.
View this post on Instagram