Ѓоковиќ првпат по 2018 година испадна од Индијан Велс уште во првиот меч.
Најдобриот тенисер на сите времиња лошо го почна мечот, го загуби првиот сет со 6-2. Во него направи дури 14 неизнудени грешки.
Новак го крена нивото во вториот сет и го доби релативно лесно со 6-3 со што изедначи на 1-1 и се избори за трет решавачки сет.
Третиот сет му беше најлош, освои само еден гем, го загуби со 6-1 и доживеа елиминација од Индијан Велс.