петок, 18 октомври 2024

Седуммина загинаа во Пакистан во напад на тим за вакцинација против детска парализа

Седум лица загинаа во Пакистан во бомбашки напад врз здравствени работници кои вакцинирале против детска парализа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицаецот кој бил тешко ранет во вчерашниот бомбашки напад во северозападен Пакистан почина денеска во болница, со што бројот на загинати во нападот, за кој одговорноста ја презедоа пакистанските талибанци, се искачи на седум.

Во соопштението на полицијата се наведува дека најмалку тројца полицајци и понатаму се во критична состојба по нападот во областа Мамунд, поранешно упориште на пакистанските талибанци во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која се граничи со Авганистан.

Одговорноста за нападот веднаш ја презедоа пакистанските талибанци. Меѓутоа, во друго тврдење доцна во понеделникот, групата Исламска држава ги обвини пакистанските талибанци дека лажно ја преземаат одговорноста за бомбашкиот напад.

Пакистан и Авганистан се единствените земји во светот каде сѐ уште владее епидемија на детска парализа.

Исламските милитанти често ги напаѓаат тимовите за вакцинација и полицијата задолжена да ги заштити, тврдејќи дека кампањите за вакцинација се западен заговор за стерилизација на децата.

Вакцинацијата во Мамунд денеска е прекината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ