сабота, 19 октомври 2024

Се запали авион со 167 патници во Непал (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Според Аларабија њуз, имало удар на птица при полетувањето, но авионот го продолжил летот кон Обединетите Арапски Емирати.

„Откако беше испочитувана стандардната процедура, летот продолжи нормално кон ОАЕ, и се очекува безбедно да слета на аеродромот во Дубаи“, се наведува во соопштението кое го пренесе Ројтерс.

На местото на инцидентот биле испратени пожарникарски возила, а на социјалните мрежи се објавени снимки од авион од чиј мотор летаат искри.

Портпаролот на управата за цивилно воздухопловство на Непал Џаганат Нироула изјави дека мотор се запалил на авион на Флајдубаи боинг 737-800 со 167 патници, набрзо по полетувањето од Катманду и дека пожарот бил ставен под контрола.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ