четврток, 24 октомври 2024

Се урна балкон во Наполи, загинаа две лица (ВИДЕО)

При уривање на балкон во Наполи загинале две, а повредени се 13 лица, меѓу кои седум деца.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Уривањето се случило во населбата Вела селесте во округот Скампија, меѓу вториот и третиот кат на зграда, синоќа по 23 часот, пренесува агенцијата Анса.

На лице место излегле пожарникари, брза помош и полицијата.

Уривањето се случило на третиот кат, а зафатени биле и балконите на вториот и првиот кат. Пожарникарите, по ископувањето на урнатините, ја завршиле евакуацијата на горните катови додека се вршат проверки на стабилноста на зафатениот дел на зградата.

Непосредно по уривањето многу луѓе излегле на улица поради страв од дополнителни уривања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ