четврток, 25 јули 2024
Екипите на Македонија пат на терен

Се санираат штетите на магистралата А3 кај Делчево

Објавено на

часот

Сподели

На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба.

„Веднаш по штетите кои настанаа на магистралата А3 која го поврзува Делчево со Македонска Каменица екипи на „Македонија пат“ работат на санација на штетите на патот кои се настанати од надојдената вода. Патот денеска ќе биде саниран и по извршување на целосното санирање, веќе понеделник очекуваме да биде пуштен во употреба“, рече Ацевски.

Ацевски нагласи дека поради невремето се уште има одрони на останатиот дел од магистралата и патот кој води од Делчево кон Македонска Каменица кои благовремено се санираат.

„Има одрони кои ги решаваме тековно, големите одрони беа решени. Екипите постојано се на терен и работат на решавање на последиците“, додаде Ацевски.

Тој напомена дека до целосна санација сообраќајот од Делчево кон Скопје за сите видови возил се одвива преку регионалниот пат Берово – Виница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ