петок, 18 октомври 2024

Се преврте возило на итната помош

Објавено на

часот

Сподели

Глетката беше вознемирувачка, со итната помош кон комплексот Клиники се превезувал пациент од Куманово. До несреќата дошло кога се судриле возилото на итната помош и автомобил, објави ноќеска порталот Скопјеинфо.мк.

Утрово од МВР информираат дека сообраќајката се случила на крстосницата каде се судриле патничко моторно возило фолксваген туран со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило мерцедес со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72), двајцата од Куманово.

Повредените се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во ГОБ „Св.Наум Охридски“, а на местото на настанот е извршен увид од екипа на МВР

 

Фото и видео подолу: Скопјеинфо.мк

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ