недела, 20 октомври 2024

Се покренува Рувики – руската верзија на Википедија

Целосното претставување на Рувики, руската верзија на популарната онлајн-енциклопедија Википедија, ќе се случи в  понеделник, јавуваат руските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бета-тестирањето – ограниченото јавно тестирање на страницата – почнало во средината на 2023 година, објави дневниот весник Комерсант, а наводно веќе има повеќе написи на Рувики отколку на Википедија на руски јазик.

Русија соопшти дека сè уште нема планови да ја блокира Википедија – еден од ретките преживеани независни извори на информации на Русија, откако се интензивираше акцијата против интернет-содржините по инвазијата на Украина од Москва во февруари 2022 година.

Руските судови, сепак, оттогаш наметнаа серија казни на онлајн-енциклопедијата за содржини поврзани со Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин во мај 2022 година даде одобрение за нови алтернативни платформи на Википедија, според руските медиуми.

Весникот „Известија“ минатата недела објави, цитирајќи ја медиумската служба на Рувики, дека најчитаните написи за време на фазата на бета-тестирањето го вклучуваат бројот на смртните случаи во 2023 година, ескалацијата на арапско-израелскиот конфликт, руската воена операција во Украина и руските филмови со најголема заработка.

Просечниот корисник би поминал повеќе од шест минути на страницата, а просечната длабочина на гледање била над пет страници во пробната фаза, пишува Известија.

Комерсант вели дека основачите на Рувики нема да откријат колку чинел проектот, ниту имињата на инвеститорите на страницата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ