вторник, 22 октомври 2024

Се доградува кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Интензивно се работи на реализација на проектот за доизградба на кејот на реката Луда Мара, информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е проект од особено значење за овој дел на градот. Изградбата на кејот на реката Луда Мара до Општа болница Кавадарци ќе го дополни убавиот кеј кој се протега се до селото Ваташа. Се гради минор и мајор речното корито, ќе се постави ново улично осветлување и урбана опрема, ќе се продолжи кеј – шеталиштето што претходно беше најзапуштениот дел во нашиот град“, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Финансиската конструкција за овој проект, како што наведуваат, изнесува еден милион евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ