петок, 18 октомври 2024
Во македонскиот Трезор

Се чека за масло, кафе, прашок? Не, за плата…

Објавено на

часот

Сподели

Што бараат луѓево тука? Тоа се административци – благајници од државни институции и претпријатија кои ја подготвуваат платата за вработените. Тука се за да се заврши работата, да се потпишат налозите и парите за плати да легнат на сметка.

Де системот паѓа, де можеби се чека на прилив на средства во трезорот. Така се пренесува глас, од првите стасани до дупката во стаклото на шалтерите, кон оние кон опашката од редицата. Такви нецелосни се одговорите на гласно поставуваното прашање со глас обоен со незадоволство и револт – што се чека, зошто не оди побрзо редот? Кој ќе го знае. Документите во рацете на луѓето се разиграни, ги ладат нивните лица.

А благајничката што во осумдесетите години чекала пред самопослуга за да купи штотуку стасано кафе, вели дека тогаш, имало криза во снабдувањето, Повремено имало недостиг од кафе, прашок, млеко… Имало и условување од трговците – со кафето си морал да купиш и шише ракија од тогаш позната винарија која се погрижила да увезе етиописко кафе. Па, вели благајничката, ако сакаш да пиеш кафе, ќе мора дома да однесеш и ракија. 

„Куќа домаќинска не бива без кафе и ракија“, дофрла нејзин колега.

„А плата даваа ли редовно тогаш?“, праша друг помлад човек од редицата.

„Даваа, даваа… Платата си беше закон. И преку синдикат даваа ‘полутки’ месо, прашок, гуми за кола…летување… сè по пониски цени и на рати.

„Забавно било тогаш?

„Многу. Имаше добра музика, добра филмска програма на двата телевизиски канали. Ама и млади бевме“.

„Еми затоа“…

„Е не само затоа…така си беше, да бидеме реални“.

„Е како да не“…

„Ништо не знаете вие младите“…

„А бе ќе земеме ли денеска плата“?

„Би требало“:…

Ги оставаме редицата и муабетите на кои крај им нема…

Ех, Скопје вечно…

                                                                                                                 П.Џ.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ