вторник, 22 октомври 2024

СДСМ за самитот на ОБСЕ : Со нас државата добива светско признание

Објавено на

часот

Сподели

„Евроинтеграцијата е процес кој е почнат и нема да застане се до полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ. Нашите граѓани заслужуваат подобра, побогата иднина, подобар животен стандард, заслужуваат идните генерации да живеат во земја членка на ЕУ, но тоа наместо да биде во некоја друга земја, да биде тука, дома, во Македонија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен порача дека Северна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и на сите сојузници во Алијансата и ја повтори силната поддршка за евроатлантската интеграција.

Претседателот на Европската комисија Жосеп Борел порача дека местото на Северна Македонија е во ЕУ, а одењето по европскиот пат треба да биде пред и над меѓупартиските превирања и повика на завршување на процесот на усвојување на уставните измени за продолжување на европскиот пат, и напредок за клучните реформи, бидејќи тоа не е нешто што носи корист за една политичка партија, туку за целиот народ.

Покрај билатералните посети Блинкен и Борел, учествуваат на 30-тиот Самит на на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ. Со СДСМ Македонија добива светско признание.“, се вели во соопштението на СДСМ. 

Скопје денеска и утре е домаќин на најголемиот политички и дипломатски настан што се одржал од осамостојувањето, на кој учествуваат околу 1.000 делегати од 76 делегации од 57 држави, во организација на владата предводена од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ