понеделник, 25 ноември 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го уништува Скопје, горат депонии, автобусите се небезбедни

„Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта во Скопје, градот буквално се распаѓа. Поради пропаднатите бизнис – зделки на Арсовска и Мицкоски нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град“, реагира утрово СДСМ преку соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„Небезбедни автобуси, ЈСП – Скопје е во колапс, скопјани се гушат од запалени депониии кои ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ги исчисти, јавните претпријатија не функционираат.

Сето ова потврдува во каква ужасна состојба е градот Скопје, во каква лоша состојба е ЈСП, како и останатите јавни претпријатија. Само ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега, ниту малку.

Нивната екс – миленичка Данела Арсовска ги обивнува дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на јавните претпријатија исто како и набавката на нови автобуси за градот.

Нема поголем доказ дека користољубието и партискиот интерес на ДПМНЕ се пред сè и над сè и дека воопшто не им се важни граѓаните.

Воопшто не им е важно дали небезбедни автобуси ќе се возат и дали некој ќе настрада, воопшто не им е важно што скопјани се гушат од чад, важно е само дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат контрола и интерес“, се вели во партиското соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ