недела, 24 ноември 2024

СДСМ: ВМРО ДПМНЕ ги изневери граѓаните, наместо зеленило, бетонизација во Лисиче

Објавено на

часот

Сподели

„Со новиот детален урбанистички план на општина Аеродром, ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тимчо Муцунски во Лисиче планираат изградба на десетина згради високи и до 10 ката. Со него, ниви купени од инвеститори пред носењето на планот, стануваат градежни парцели и тоа во делот на градот, каде аерозагадувањето континуирано урива рекорди. Деталниот урбанистички план, кој се носи речиси зад грбот на граѓаните, отвора сомневања за корупција за тоа како инвеститорите знаеле кои парцели ќе добијат маркици за висококатници, како знаеле дека општината ќе одобри градежен бум. Наместо поквалитетни услови за живот и зеленило, граѓаните добиваат бетонизација и градежен бум. ВМРО-ДПМНЕ се покажа како најнеспособна локална власт досега“, велат од СДСМ.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ