Од опозициската СДСМ велат таквата политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати.
„За компаниите кои вработуваат 80 отсто од сите вработени во државата власта на Мицкоски предвидува помалку пари, а оние кои го носат профитот надвор повеќе. Ова не е фер пристап кон домашните компании и кон работниците во овие компании. ВМРО-ДПМНЕ ја враќа земјата на старата неефикасна и несоодветна политика која ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност. Поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава е еден од клучните аспекти. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место“, се наведува во денешното соопштение на СДСМ.