среда, 11 декември 2024

СДСМ: Сценариото на Беса и ДПМНЕ со крстот на Попова Шапка нема да успее

БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање. Од коалицијата БЕСА и ДПМНЕ во Општина Тетово бараме да ја повлечат одлуката за уривање на верското обележје на Попова Шапка, изјави Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ и додаде дека сите политички чинители, пред се коалициските партии БЕСА и ДПМНЕ во Советот на Општина Тетово треба да работат за доброто на сите граѓани на Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

Верското обележје на Попова Шапка е на црковен имот, во двор на манастир. Какви било провокации и дејства може да предизвикаат тензии со сериозни последици, да подгреат раздор, верски, политички или етнички поделби меѓу граѓаните. БЕСА и ДПМНЕ во Тетово со своите одлуки и сценарија сакаат да предизвикуваат штета на граѓаните, соживотот и меѓусебното разбирање. Загрижува тоа што сите штетни одлуки на Касами во Тетово се поддржани од ДПМНЕ како коалициски партнер на БЕСА. Најважното место во Општината после градоначалникот во Тетово е секретарот, оваа позиција ја извршува Дарко Коцевски од ВМРО-ДПМНЕ. Се сомневаме дека ова е дел од договорено сценарио на ДПМНЕ и БЕСА во предизборието“, рече Николоска.

СДСМ велат дека нема да дозволат сценаријата на БЕСА и ДПМНЕ во Тетово да успеат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ