петок, 18 октомври 2024

СДСМ сака со ВМРО-ДПМНЕ да изгласаат за Комуналец поддршка со механизација од другите претпријатија

Објавено на

часот

Сподели

„Во рамки на своите надлежности и во име на граѓаните Советот има обврска да дискутира за актуелната состојба во ЈП Комунална хигиена, а СДСМ ќе предложи и мерки и активности за итно дејствување на градот. Со сиот свој човечки потенцијал, а потоа и со онаа механизација со која располагаат јавните претпријатија да се вклучат во чистењето за што поскоро целосно да се расчисти ѓубрето во Скопје и состојбата да се врати во нормала“, рече Јанчева.

Според неа, оваа мерка ќе овозможи ЈП Комунална хигиена брзо да се врати во секојдневниот работен тек, а ќе превенира и во иднина да не се случува повторно ваков хаос. 

„Советот има механизми што треба да ги искористи во интерес на граѓаните и во интерес на Скопје, и во оваа насока очекуваме одговорност од сите советници“, додаде Јанчева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ