вторник, 22 октомври 2024

СДСМ: Претседателката нема основно познавање, доброволно служење воен рок одамна постои

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова демонстрира целосно непознавање на областите од нејзина надлежност и дава предлози за некакви консултации околу прашања кои одамна се решени, доброволно отслужување на воен рок е предвидено и сега, реагираат од опозициската СДСМ на изјавата на претседателката дека можеби би требало да се размислува да има се овозможи на младите луѓе кои би сакале на доброволна основа да служат воен рок.

Објавено на

часот

Сподели

Доволно ќе беше, велат од СДСМ, Сиљановска Давкова да прочита барем дел од Законот за одбрана, и ќе видеше дека во десетина членови и сега е предвидено доброволно отслужување на воен рок. И тоа е така веќе речиси две децении.
„Очигледно претседателката уште еднаш потврдува дека е залутана на позицијата Врховен командант на Армијата. Имено, според Законот за Армија, воената служба на граѓаните се состои од доброволно служење на воен рок и служба во резервните сили на Армијата. Сиљановска Давкова од почетокот на совјата функција докажува дека нема никаков капацитет да биде Врховен командант на македонската Армија, прекршува протоколи и не ги познава законите. Очигледно нема ниту Кабинет кој знае да и укаже на ваквите елементарни непознавања“, пишува во реакцијата на СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ