„Не може ништо различно да се очекува од Јанушев кој еднаш е веќе осуден криминалец. Дали овој човек е промената која ВМРО-ДПМНЕ ја вети? Дали институциите ќе реагираат?
Очекуваме ДКСК и јавното обвинителство итно, повторуваме итно, да го истражат овој голем подарок кој ете така случајно се паднал баш кај Игор Јанушев. Оваа Влада е владата која во најкус рок ги разочарала граѓаните. Не поминаа ни 30 дена откако седнаа во фотељите, и веќе докажаа дека се далеку полоши од било која власт на почетокот на мандатот“, рече Илиевски.