среда, 23 октомври 2024

СДСМ обвинува дека Владата целосно го партизирала МЕПСО

Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но се роднински поврзани со луѓе од Владата, обвини денеска на прес конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Објавено на

часот

Сподели

„Прв и најскандалозен избор е изборот на синот екс претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, за член на надзорниот одбор на МЕПСО. Тој е дипломиран политиколог и нема никаква допирна точка со она што ќе треба да го работи. Понатаму, во МЕПСО е згрижена и сопругата на главниот ТВ водител и пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски, Анастасија. Човекот кој жолчно ги брани секојдневно политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше водач на насилните протест на 27 април, сега конечно наплатува за своето слепо слугување на партијата. Понатаму, со назначувањето на првиот братучед на Изет Меџити, Бурим Љатифи за директор на МЕПСО, имаме целосен непотизам за што бараме институциите итно да реагираат.“, кажа денеска на прес конференција Кузеска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грубата партизација со целосно некомпетентни кадри на значајни позиции.

„Јавноста уште не може да поверува дека на замечничкото министерско место во МВР има човек со фискултурно образование, а сега во енергетиката се поставуваат политиколози. Ова се најлошите кадровски решенија на било која Влада во минатото и од овие луѓе може да се очекува само да и служат на партијата, никако на граѓаните“, рече Кузеска.

Министерството за транспорт и врски како единствен акционер во МЕПСО вчера соопшти дека ги назначило новите членови на Надзорниот одбор на компанијата. Надозрниот одбор пак, завчера ги именува и новите членови на управниот одбор, а тоа се, Бурим Љатифи кој воедно е и новиот генерален директор на МЕПСО, Александар Пауноски кој ќе биде заменик директор и членовите Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ