вторник, 22 октомври 2024
Реакција

СДСМ: Лефков лагите за Филипче ги повторува како папагал

„Лефков и ВМРО-ДПМНЕ или треба да ги докажат обвинувањата или треба да престанат да лажат за претседателот на СДСМ.  Една иста повторена или фабрикувана лага која како папагали ја повторуваат не може да стане вистина, ако на тоа се надева Лефков“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков кој денеска го постави прашањето на чие име се води аудито вредно 250 илјади евра кое го вози Филипче и како тој купил хациенда на Водно.

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ кое не се занимава со потребите на граѓаните туку со црна кампања против опозицијата.
Откако Владата ја наполнија со инкриминирани кадри, од Игор Јанушев до Коце Трајановски, ВМРО-ДПМНЕ и Лефков немаат никаков легитимитет да зборуваат за криминал и корупција. Половина од членовите на раководство имаат дебели криминални резимеа, од насилници до организирани криминалци.
Тоа што ВМРО-ДПМНЕ демонстрира голем страв кон претседателот Венко Филипче само потврдува дека СДСМ се менува во правилна насока“, се вели во реакцијата н СДСМ на прес-конференцијата на Лефков.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ