вторник, 22 октомври 2024
Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Лефков: Дали на име на Филипче е аудито вредно 250.000 евра и како тој купил хациенда?

Венко Филипче да каже како со плата се купува ауди ку8 и се гради хациенда на Водно, чиво е аудито со кое тој се вози, дали е на негово име или на некој друг, ако е на друго име, кој е тој што на Филипче му дал да вози кола од 250.000 евра и со кој мотив? Ова во форма на прашања денеска на прес-конференција го кажа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Објавено на

часот

Сподели

Дали луксузното ауди кое го вози Филипче е награда за некој од десетиците милионски тендери и дали народот страдаше 7 години за сега Филипче да се вози во скапи џипови? Филипче да каже и како неговото семејство се стекна со хациенда на Водно и колку пари е платена истата?  Филипче да каже дали добитниците на тендери во здравството морале да влегуваат во дилови со него или нему блиски?

ДКСК и ЈО да отворат истраги за имотот на Филипче, но и тој кој истиот го користи, а за кој постои сомнение дека може да станува збор за скриен имот.

Филипче да не се крие зад политичката позиција и да каже како се станува милионер со плата. Ова е грдото лице на СДС и ДУИ, кое никогаш не смее да се врати“, рече Лефков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ