среда, 23 октомври 2024

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обединија околу Резолуцијата за македонската историја на американскиот Сенат

Објавено на

часот

Сподели

„Предложената резолуција на републиканскиот сенатор Мајк Брон за септември да биде прогласен за месец на македонско-американското наследство е огромна чест и признание за придонесот на македонските Американци во развојот на мултикултурното општество на САД“, напиша во објава на својот фејсбук профил Костадиновска Стојчевска.

Според министерката, ова е резултат на пристапот на Македонците каде било во светот, да учествуваат и да бидат конструктивни градители на државите кои ги избрале за да го изградат својот дом.

„Македонските Американци ги прифатија слободите на американското општество и се интегрирани во сферите на уметноста, науката, бизнисот, политиката, медицината, спортот и на други полиња како резултат на можностите да се биде рамноправен дел и да се учествува во остварувањето на граѓанските и верските слободи, основните човекови права за да се даде сопствениот придонес во развојот на заедницата. Денес тоа е модел кој го избра и кон чие усовршување се стреми и нивната матична земја и татковина како општество во кое секој ја заслужува својата шанса“, напиша министерката Костадиновска Стојчевска.

ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на предложената Резолуција за заштита на македонскиот идентитет и ги охрабрува и другите институции и држави да донесат документи за поткрепа на многувековната македонската посебност, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговорајќи на новинарско прашање во однос на предложената Резолуција во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја.

„Дозволете ми да подвлечам дека пред две години никој не зборуваше за гаранции за македонската многувековна историска и културна посебност, и ова прашање и реакција се случува благодарение на ВМРО-ДПМНЕ која што го отвори и наметна прашањето во јавниот дискурс. Како ВМРО-ДПМНЕ даваме безрезервна поддршка на оваа Резолуција. Значајно е тоа што стратешките партнери имаат разбирање за македонскиот народ и нивната посебност и многу е важно ова прашање да добие што поширока поддршка, односно да ги поттикне и другите држави и европските институции да донесат документи преку своите институции во поткрепа на многувековната македонска посебност, историја, јазик и култура, односно со еден збор македонскиот идентитет“, нагласи Стоилковски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ