понеделник, 25 ноември 2024

СДСМ е против отворање на албанска академија на науките и уметностите

МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo, се вели во реакцијата на СДСМ на најавите од коалицијата Вреди дека во Тетово ќе отворат албанска академија на науките и уметностите.

Објавено на

часот

Сподели

„Но, она што треба јавноста да го знае е што Мицкоски ветил пред формирањето на Владата во однос на ова барање на Вреди? Ова не е прв пат Вреди и нејзините лидери да ја споменуваат aлбанската академија како проект, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно си молчеа.

Кои други барања кои се неприфатливи за мнозинството граѓани Мицкоски ги има одмолчано или ги има тајно прифатено?

Најголемите патриоти Мицкоски и Димитриевски заради комотна позиција во власта изгледа се првеле глуви на овие барања на ВЛЕН, а сега се обидуваат да поентираат со некакво неприфаќање.

Прашање е само што ќе биде цената за тоа и дали под маса има испорачано друго барање доколу академијата не помине“, соопшти СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ