„Свесен ли е Мицкоски дека влегува во екскурзија што сериозно може да ја загрози нашата соработка со меѓународните финансиски институции како Светска банка и Меѓународен монетарен фонд?
Понатаму, зошто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја лажат јавноста дека ова е најповолен кредит кој може да го добие стопанството? Зошто не каже дека во моментов државата е корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5?
Овој кредит е далеку поповолен од овој од Будимпешта. Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации сака да земе кредит во четири очи?
Понатаму, зошто ја лажеа јавноста тој и министерката за финансии Кочовска дека кредитот ќе биде со камата под 3%, како тоа таа дојде до 3,25%? Што се крие зад покачувањето на каматната стапка?
Понатаму, дали најавата на министерката за финансии дека овие средства ќе се користат за капитални инвестиции, а имајќи предвид дека патот Кичево-Охрид може да се финансира само со кинески средства, овие пари всушност не доаѓаат од Кина?
Новата Влада има обврска да ѝ одговори на јавноста каде се 500 милиони, кои недостасуваат за ветената 1 милијарда евра? Дали можеби Груевски му ги држи на Мицкоски резервирани како гаранција дека нема да го напушти зацртаниот курс? Граѓаните многу брзо се соочуваат со предизборните измами на ова ВМРО-ДПМНЕ кое докажува дека ‘волкот го менува крзното, но карактерот никогаш’!
Единствено што направи со овој потег Мицкоски е да ги коцка државните интереси со т.н. стратешки економски договор со егзил – чуварот на неговиот претходник, Никола Груевски, унгарскиот премиер Виктор Орбан. Дали е ова цената за чувањето под закрила на Груевски?
За крај, целата оваа постапка ја најавува Мицкоски во услови кога нема ниту владина одлука ниту посебен закон зазадолжување во Собранието. Султанот Мицкоски во четири очи договара така како што му одговара и за ова еден ден ќе одговара тој самиот“, се вели во реакцијата на СДСМ.