недела, 24 ноември 2024

СДСМ: Брука и срамота, прогнозиравме дека за скандалот со Гаши ќе одговараат невини полицајци

„МВР ги потврди сите информации кои ги објави СДСМ, јавно, на прес конференција. Се случува класична местенка за да се заштити функционер на власта. Срамно и нечовечно вината за скандалите на границата и пропуштањето на сватовите на Гаши ДПМНЕ и Тошковски им ја калемат на полицајците кои работат на граничниот премин“, реагира СДСМ на вчерашното сооопштение на МВP.

Објавено на

часот

Сподели

„За шестмина полицајци, МВР предлага  постапка за утврдување одговорност. Наместо одговорност да се побара од началникот Рамука, кој ги давал наредбите, се казнуваат невини, чесни луѓе.

Ова е брука и срамота.

Се покажа дека Мицкоски едно зборува јавно, а сосема друго прави. Додека беседи за одговорност се местат невини луѓе, а Тошкоски спроведува полициско-партиска заштита за нивниот омилен началник Рамука.

Ова е уште една причина Обвинителството да постапи за овој случај. Надлежното обивнителство треба да ја спречи оваа неправда и вистинските виновници да понесат одговорност“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ