Шефот на саудиската дипломатија, говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, рече дека првиот чекор кон решавање на проблемот е прекин на огнот „од сите страни“.
„Се согласуваме дека регионалниот мир вклучува мир за Израел, но тоа може да се случи само преку мир со Палестинците, преку палестинска држава“, изјави Бин Фархан.
На прашањето дали во тој контекст Саудиска Арабија ќе се согласи да го признае Израел, како дел од поширок договор, тој одговори потврдно, пренесоа агенциите.
Во 2020 година, четири арапски земји, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Мароко и Судан, го признаа Израел според серија договори наречени Абрахамски договори, оставајќи го настрана долгогодишното арапско барање за палестинска држава.
Оттогаш, администрацијата на САД се обидува да ја охрабри Саудиска Арабија, која нашироко се смета за лидер во муслиманскиот свет, да го следи примерот, што може да го отвори патот за другите муслимански земји да го признаат Израел.