понеделник, 28 октомври 2024

Санкционирани 70 возачи на територијата на Чаир, 22 возеле без возачка

МВР соопшти дека вчера од 16 до 20 часот при акциска контрола на територијата на општина Чаир во Скопје, санкционирани се 70 возачи од кои 22 за возење без возачка дозвола и осум кои биле без лекарско уверение при вршење на јавен превоз.

Објавено на

часот

Сподели

Изречени се и 10 мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), како и седум санкции поради измината важност на сообраќајната дозвола… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, наведува МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ