петок, 18 октомври 2024

Сана Марин: Финска не ги поздравува отстапките на патот на Украина кон ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека не треба да правиме исклучоци за Украина, неопходно е да се почитуваат критериумите“, рече Марин.

Таа додаде дека не гледа ништо лошо во статусот на кандидат за Украина, истакнувајќи дека таквиот статус не значи дека оваа земја „утре ќе стане членка на ЕУ“, пренесе Риа новости.

„Се разбира, членството ќе бара многу работа“, рече Марин.

Претходно, премиерот на Холандија Марк Руте рече дека се мали шансите Украина наскоро да добие статус на кандидат за членство во ЕУ.

Слично мислење има и министерот во француското Министерство за надворешни работи за европски работи Клеман Бон, кој предупреди дека процесот на пристапување на Украина во ЕУ може да трае 15-20 години.

Портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Олег Николајнко претходно изјави дека Украина очекува во јуни да добие статус на кандидат за пристапување во Европската унија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ