Џенова се врати во Серија А, а вториот клуб од овој град, Сампдорија испадна во Серија Б. Градските ривали се разминаа.
Несторовски ги одигра сите 90 минути за Удинезе кој со голови на Переира и Масина во првото полувреме со 2-0 ја совлада Сампдорија и ѝ го зададе последниот удар.
Во овој термин се одигра и мечот меѓу Емполи и Салернитана кој го добија домаќините со 2-1.