петок, 18 октомври 2024

Само победа е опција за Торус во Бар

Објавено на

часот

Сподели

Торус ќе атакува на втора победа во Бар

Дебитантите на европската сцена по пет меча имаат една победа и дури четири победи, што значи дека евентуален кикс против црногорскиот претставник би значел дефинитивен крај на надежите за пласман во следниот круг. На Торус, сепак, нема да му биде лесно во Бар бидејќи против себе ќе има силен противник, кој во моментов ја дели втората позиција во група А со учинок од 3-2 и со реални шанси за продолжување на натпреварите.

Според правилата, првопласираните од двете групи директно ќе се најдат на завршниот турнир додека второ и третопласираните ќе играат меѓусебе на патот кон полуфиналето.

Можеби фактот што во Црна Гора нема што да загубат може да делува позитивно кај играчите на Торус, кај кои се чувствува пад во формата во последните неколку меча. Дуелот со Морнар е идеална шанса за Димитар Караџовски, Бојан Трајковски, Ивица Димчевски и другите да покажат дека кризата е веќе зад нив. Згора на тоа, тие во Бар можат да му ја донесат првата победа на новиот тренер Марјан Србиновски, кој неодамна го замени Слободан Петровски на клупата на „градежниците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ