вторник, 22 октомври 2024

Самка Ибраимоски е лицето кое Уставен суд го пријави во полиција

По веста дека претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски пријавил во МВР дека едно лице им се заканува по живот на уставните судии и соопштението потоа на МВР дека е утврдено дека станува збор за С.И. кој преку социјална мрежа упатувал закани, телевизија Сител открива дека станува збор за Самка Ибраимоски, од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник.

Објавено на

часот

Сподели

Самка Ибраимоски ги испраќал преку Фејсбук, но самиот тој негира дека станува збор за закани по живот, туку за критика во едно демократско општество поради политиката извршителите да наплаќаат и стари долгови од сиромашни лица, како што се Ромите кои тој, вели, ги застапува. Тој нагласи дека има право како предлагач на закон, кој е одбиен, да критикува.

Ибраимоски е повикан да отиде во полиција.

Од Уставниот суд велат дека лично претседателот Дарко Костадиновски ги пријавил заканите, а како што информираат од прес службата, биле поврзани со конкретен предмет кој го работел Уставен.

Уставната судијка Ана Павловска Данева вели нападите и заканите се притисок врз независноста и интегритетот на судот.

„Поранешен пратеник и претседател на помала политичка партија, незадоволен од Одлука донесена од Уставниот суд, преку социјалните мрежи во континуитет објавува закани и навреди кон судиите, при што го има наведен моето име, најавувајќи убиство и слични противзаконите дејствија“, вели за Сител Павловска Данева.

Во меѓувреме, Ибраимоски и денеска продолжил со критиките преку Фејсбук против одлуката на Уставниот суд, а во неговите видеа и написи често го споменува името на Павлоска Данева

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ