петок, 18 октомври 2024

САД: Уапсен лидерот на мексиканскиот нарко картел Синалоа

Лидерот на мексиканскиот нарко картел Синалоа, Исмаел Ел Мајо Замбада е уапсен во американската сојузна држава Тексас, соопштија денеска американските федерални власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Замбада (76) го основал картелот со Хоакин Ел Чапо Гузман, кој моментално е во затвор во САД.

Со Замбада во четвртокот беше уапсен и синот на Хоакин Ел Чапо Гузман, Хоакин.

Тие биле уапсени од членови на ФБИ во градот Ел Пасо, потврди американското Министерство за правда, а пренесува Си-би-ес њуз.

Како што се наведува, Замбада е уапсен во близина на границата меѓу САД и Мексико.

Американскиот федерален обвинител Мерик Гарланд изјави дека двајца водачи на картелот Синалоа, една од најмоќните и најнасилните организации за трговија со дрога во светот, се уапсени.

Замбада беше обвинет во Бруклин во февруари за, меѓу другото, илегална трговија со фентанил, а двајцата се обвинети за раководење на криминални операции на картелот во САД, вклучително и производство и трговија со фентанил.

Директорот на ФБИ Кристофер Вреј изјави дека обвинетите го надгледувале шверцот на десетици илјади килограми дрога во САД, заедно со многу други насилни дејствија.

Замбада беше фатен откако беше во бегство со години, а за информации за него беше понудена награда од Стејт департментот од 5 милиони долари, додека наградата од агенцијата за борба против дрога ДЕА изнесуваше до 15 милиони долари.

Претставничката на ДЕА, Ен Милграм, рече дека апсењето на Замбада е удар во срцето на картелот од Тихуана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ