четврток, 24 октомври 2024

САД се загрижени околу составот на новата црногорска влада

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица изрази загриженост поради, како што соопштија, вклучувањето во црногорската влада на партии и политичари „кои не ја осудуваат руската агресија на Украина и се противат на санкциите на Европската Унија против Москва“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот на Црна Гора денес изгласа реконструкција на владата, која сега вклучува просрпска коалиција и бошњачка партија.

Американската амбасада соопшти дека поддржуваат влада посветена на пристапување во Европската Унија, почитување на евроатлантските вредности и целосно учество во НАТО, која го одразува мултикултурниот состав на Црна Гора.

„Загрижени сме поради вклучувањето во црногорската влада партии и политичари кои не ја осудуваат руската агресија на Украина, се противат на санкциите на ЕУ против Русија и чии постапки се директно спротивни со принципот на добрососедските односи“, порача американската амбасада во Подгорица.

Просрпската десница во реконструираната влада на Црна Гора доби три министерски и две вицепремиерски места, додека Бошњачката партија доби пет министерски и едно вицепремиерско место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ