четврток, 28 ноември 2024
Ирачката војска предупредува за „страшни последици“

САД: Пред нападот го информиравме Ирак

Соединетите Американски Држави го информираа Ирак пред нападот на три позиции на милитантите во земјата, соопшти Белата куќа, само неколку минути откако ирачката војска ги осуди нападите како повреда на суверенитетот на земјата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ја информиравме ирачката влада пред нападот“, изјави за новинарите портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби. Нападите може дополнително да го комплицираат американското воено присуство во Ирак.

Ирачката војска соопшти дека биле нападнати цели во ирачката гранична област и предупреди дека нападите може да ја зголемат нестабилноста во регионот.

„Овие воздушни напади се кршење на ирачкиот суверенитет, ги поткопуваат напорите на ирачката влада и претставуваат закана што може да доведе до страшни последици за Ирак и регионот. Резултатите ќе имаат сериозни импликации за безбедноста и стабилноста во Ирак и околниот регион ,” се вели во соопштението на ирачката влада.

Соединетите Американски Држави извршија воздушни напади во Ирак и Сирија во петокот против повеќе од 85 цели поврзани со иранскиот корпус на Револуционерната гарда и про-иранските милиции, соопшти американската војска, по нападот во Јордан во кој загинаа тројца американски војници, а 40 беа ранети.

Целите биле лоцирани на седум различни локации, четири во Сирија и три во Ирак, а во нападот биле вклучени бомбардери Б-1 со долг дострел, кои долетале од САД, објави американската војска.

Американскиот генерал-полковник Даглас Симс, директор на Здружениот штаб, рече дека нападите се чини дека биле успешни, предизвикувајќи големи секундарни експлозии кога било погодено оружјето на милитантите, иако не е јасно дали милитантите биле убиени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ