вторник, 22 октомври 2024

САД нема да преживеат ако Бајден повторно стане претседател

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија Доналд Трамп изјави денес дека Соединетите Американски Држави нема да преживеат ако Џо Бајден повторно стане претседател на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Според мене, најлошото нешто што може да се случи е Бајден повторно да стане претседател. Искрено, од многу причини, нашата земја тоа не би го преживеала“, кажа Трамп во интервју за Фокс њуз.

Додаде дека Бајден е „неспособен и најлошиот претседател во историјата на Соединетите Држави“.

„Тоа сите го знаат“, оцени Трамп.

Коментирајќи го тоа што Бајден неодамна доби поддршка од синдикатот на работници во автоиндустријата УАВ, Трамп порача дека „нема повеќе да има работници во автоиндустријата во Соединетите Држави, туку сè ќе замине во Кина или на друго место“.

Тој истакна дека, ако повторно стане претседател, ќе воведе царини на стоката која се увезува од Кина, додавајќи дека тие би можеле да изнесуваат и повеќе од 60 отсто.

„Мораме тоа да го направиме“, кажа Трамп.

Тој предупреди и на развојот на вештачката интелигенција, кажувајќи дека тоа е „застрашувачко“.

„Пред некој ден видов како направиле лажна снимка на која зборувам за некој производ. Не можете ни да забележите разлика. Мора нешто да се направи во врска со тоа, и тоа брзо“, порача Трамп.

Тој наведе дека технологијата на вештачката интелигенција би можела да биде злоупотребена на разни начини, вклучувајќи ги војните, додавајќи дека напредокот во развојот на таа технологија е „огромен проблем“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ