недела, 20 октомври 2024

САД: Не поддржуваме независност на Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека Соединетите Американски Држави не поддржуваат независност на Тајван откако тајванските гласачи ѝ дадоа на владејачката партија на островот трет претседателски мандат, а шефот на американската дипломатија кажа дека САД остануваат посветени на мирот и безбедноста во регионот.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претходно во текот на денот претседателскиот кандидат на тајванската владејачка Демократска прогресивна партија и потпретседател на Тајван Лаи Чинг Те победи на претседателските избори, и покрај повиците на Кина да не биде избран, и вети дека ќе му се спротивстави на Пекинг, но и дека ќе бара преговори.

„Не поддржуваме независност“, кажа Бајден на прашањето за реакција на денешните тајвански избори. „САД се посветени на зачувување на мирот и стабилноста на двете страни на Тајванскиот теснец и мирно решавање на разликите“, кажа американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Владата на Бајден се плаши дека изборите и новата власт ќе го ескалираат конфликтот со Пекинг. Бајден се труди да работи на поправање на односите со Кина, вклучувајќи ја средбата за безбедносните прашања на самитот во Калифорнија со претседателот Си Џинпинг во ноември.

Кинеската канцеларија за врски со Тајван соопшти денес дека победата на кандидатот на тајванската владејачка Демократска прогресивна партија Лаи Чинг Те на изборите нема да ги смени основните контури на односите на одметнатиот остров со копнената Кина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ