петок, 25 октомври 2024

САД ја изменија нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност за Газа

Третата верзија на текстот, првпат предложена пред две недели, сега ја отсликува изјавата на американската потпретседателка Камала Харис, која во неделата директно го повика Израел да направи повеќе за да ја ублажи „хуманитарната катастрофа“ во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Држави ја изменија нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и поддржаа „итен прекин на огнот од приближно шест недели во Газа заедно со ослободување на сите заложници“, се вели во текстот што го виделе агенциите.

Третата верзија на текстот, првпат предложена пред две недели, сега ја отсликува изјавата на американската потпретседателка Камала Харис, која во неделата директно го повика Израел да направи повеќе за да ја ублажи „хуманитарната катастрофа“ во Газа.

Во првобитниот нацрт беше изразена поддршка за „привремен прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас.

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се воздржува од повикување на траен прекин на огнот, велејќи дека тоа ќе му овозможи на Хамас да продолжи да му се заканува на Израел, иако ги засили критиките кон израелските воени напади поради големиот број палестински жртви.

Вашингтон стави вето на три нацрт-резолуции на ОН, од кои две бараа итен прекин на огнот за време на петмесечната војна.

Неодамна, САД го правдаа своето вето велејќи дека таквата акција на Советот може да ги загрози напорите на САД, Египет и Катар да посредуваат за пауза во војната и ослободување на заложниците.

Вашингтон сега соопшти дека планира да преговара за нацртот онолку долго колку што е потребно и дека нема да избрзува со гласање.

За да се усвои резолуцијата, потребни се девет гласа „за“ и САД, Франција, Велика Британија, Русија и Кина да не стават вето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ