сабота, 27 јули 2024

Њујорк тајмс: Камала Харис го притиска Бајден да ја заостри реториката за кризата во Газа

Американската потпретседателка Камала Харис, кој се постави како еден од водечките гласови за Палестинците на состаноците зад затворени врати, врши притисок врз претседателот Џозеф Бајден и други високи претставници на администрацијата да ја заострат реториката за хуманитарната криза во Газа, пишува денеска Њујорк тајмс.

Објавено на

часот

Сподели

Во написот, во кој се цитираат четири лица што знаат за апелите на Камала Харис, таа повеќе пати им рекла на Бајден и на другите претставници на Белата куќа „дека администрацијата треба да покаже поголема емпатија за палестинските цивили со тоа што јавно ќе зборува за бројот на загинатите во Газа и за преживеаните што страдаат“.

Бајден го поддржал нејзиниот став, според американскиот весник, но рекол и дека официјалните лица треба да продолжат да ги осудуваат нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Харис во говор во неделата го обвини Израел дека не прави доволно за да ја олесни хуманитарната катастрофа во Газа, што означи промена во реториката од американската администрација.

Таа во понеделникот во Вашингтон се состана со членот на израелскиот воен кабинет Бени Ганц.

Во соопштението по состанокот, Белата куќа рече дека Харис и Ганц разговарале за итноста за прекин на договорот за заложниците за да се ослободат повеќе од 100 луѓе за кои се верува дека сè уште се држат во Газа, откако палестинските екстремисти го нападнаа јужниот дел на Израел на првиот ден од војната.

Таа, исто така, ја повторила поддршката на администрацијата за привремен прекин на огнот што ќе овозможи ослободување на заложниците и зголемување на хуманитарната помош за Газа, објави Асошиејтед прес.

Њујорк тајмс наведува дека изјавата на Камала Харис за ескалација на реториката е реакција на жалбите од членовите на Демократската партија што се противат на американската поддршка за Израел во војната против Хамас и дека има цел да го покаже нејзиниот надворешнополитички кредибилитет и дека таа може да биде замена за претседателот доколку е потребно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ