петок, 15 ноември 2024

САД и Столтенберг загрижени за безбедноста на регионот

Објавено на

часот

Сподели

Поради зголемените тензии во различни делови на светот, постои ризик од терористички напади инспирирани од екстремистичка идеологија во Северна Македонија. Амбасадата на САД во Скопје ги советува граѓаните на САД во Северна Македонија да ги следат предупредувањата на Стејт департментот. Ова соопштение е објавено на 22 ноември на интернет страницата на амбасадата на САД во Македонија.

На барање на МКД.мк за толкување на ваквата препорака, од Амбасадата на САД ни одговорија дека Стејт департментот на САД нема повисок приоритет од безбедноста на американските граѓани во странство. „Сериозно ја сфаќаме нашата посветеност да им обезбедиме на граѓаните на САД јасни, навремени и веродостојни информации за секоја земја во светот за да можат да донесат информирани одлуки за патување. Ние обезбедуваме безбедносни информации за секоја земја во светот за да им помогнеме на граѓаните да ги проценат ризиците од патувањето. На страницата travel.state.gov има информации и совети за патување, предупредувања што се неодамна издадени и други важни детали специфични за таа земја. Нашите предупредувања за случувањата во светот содржат информации за постојана закана од терористички акции, насилство врз граѓаните и интересите на САД и други закани низ целиот свет“, се вели во одговорот на Амбасадата на САД.

Деновиве и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека на Западен Балкан тензиите растат. „Видовме зголемени тензии и запалива реторика во Босна и Херцеговина. Всушност видовме сериозни инциденти на насилство на Косово, вклучително и напад врз мировниците на НАТО. НАТО ќе направи сѐ што е потребно за да обезбеди стабилност во регионот, бидејќи тоа е важно не само за Западен Балкан, туку и за цела Европа и НАТО“, рече генералниот секретар на НАТО.

Денеска министерот Спасовски, по посетата на штабот одговорен за безбедно одржување на состанокот на ОБСЕ, изјави дека е сигурен дека самитот е сериозен предизвик за службата и за државата. „Многу е важно како нѐ перцепираат на ниво на меѓународна заедница. Република Северна Македонија има сериозен кредибилитет и капацитет, меѓу другото и поради самитот на ОБСЕ во Скопје. Затоа одговорноста е уште поголема сѐ да помине во најдобар ред. МВР е подготвено за предизвикот”, рече Спасовски.

                                                                                                                                                                        А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ